Русија и Кина бараат да се ублажат санкциите кон Северна Кореја

од Milan1
222 прегледи

Кина и Русија повторно го повикуваа Советот за безбедност на ОН да ги ублажи санкциите кон Северна Кореја, односно да ја укине забраната на Пјонгјанг за извоз на морска храна, керамика и текстил и да одобри полиберални услови за увоз на рафинирано масло.

Во ревидираниот текст на нацрт-резолуцијата, во која имал увид репортер на Ројтерс, Кина и Русија бараат да се укинат дел од  санкциите „за да се подобри животот на цивилното население“ во оваа изолирана азиска земја, пренесува „Танјуг“.

Северна Кореја е под санкции на ОН од 2006 година поради нејзината нуклеарна и балистичка ракетна програма.

Нацрт руско-кинеската резолуција вклучува и други мерки предложени од Русија и Кина за прв пат пред речиси две години, вклучително и укинување на забраната за Севернокорејците да работат во странство и исклучување на проекти за изградба на меѓукорејска железница и патна инфраструктура.

Неколку дипломати на ОН, кои се согласиле да ја коментираат иницијативата на Русија и Кина, под услов да останат анонимни, веруваат дека преформулираната, нова нацрт-резолуција ќе најде мала поддршка во Советот за безбедност на ОН.

Слични содржини