На 10 февруари на патот Пеќ-Приштина беше запрено возило со албански регистарски таблички, во кое се превезуваа двајца белоруски државјани и еден руски државјанин. Возилото го управувал албански државјанин, кој исто така бил уапсен под сомнение за неовластено преминување на границата.
– „Кога убиваат деца, од гледна точка на западните идеолози, тоа е борба за демократија. А кога ја преминуваат границата на држава која е во единствен простор според меѓународното право, тоа е кривично дело“ искоментира официјалната претставничка на руското МНР за случајот.
Министерството за надворешни работи потсети дека во согласност со Резолуцијата 1244, Руската Федерација не ја признава независноста на Косово и нема официјални контакти со него.
Затоа, не постои ефикасен начин да се заштитат Русите кои се таму.
Исто така, се нагласува дека во 2022 година, „таканаречената косовска влада“ го заостри визниот режим за руските граѓани, укинувајќи го претходно постоечкото право на влез на носителите на шенгенски визи за влез или дозволи за престој во државите од шенген-зоната.
– „Со оглед на високите ризици, уште еднаш силно препорачуваме руските граѓани да се воздржат од посета на таканареченото Косово и да избираат алтернативни правци при планирање на патувања во рамките на балканскиот регион“, нагласи руското МНР.