Русија им забрани влез на премиерите на Летонија и на Естонија

Освен тоа, естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Ланеметс е ставен на Листата на барани лица, покажува базата на податоци за пребарување на руското МВР

од Бети Божиноска
195 прегледи

Руското Министерство за надворешни работи денеска објави список на балтичките политичари „најнепријателски настроени кон Русија“, на кои им е забранет влез во земјата. На списокот, меѓу другите, се најдоа премиерите на Летонија и Естонија, Евика Силина и Каја Калас, како и голем број владини министри, пренесува ТАСС.

На „црната листа“ се министрите за надворешни работи на Летонија, Литванија и на Естонија Крисјанис Каринс, Габриелиус Ландсбергис и Маргус Цахкна, летонскиот министер за одбрана Андрис Спрудс, летонскиот министер за внатрешни работи Рихардс Козловскис, командантот на литванската армија. генерал Валдемарас Рупсис, поранешните латвиски претседатели Ваира Вике-Фрејберга и Егилс Левитс, како и поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид.

Освен тоа, естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Ланеметс е ставен на Листата на барани лица, покажува базата на податоци за пребарување на руското МВР.

„Лаури Ланеметс, 31 јануари 1983 година. Основи за претрес: потрага по член од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци за пребарување на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација без да се прецизира за кој член од Кривичниот законик станува збор, пренесува РИА Новости

Во февруари, во базата на податоци за пребарување на руското Министерство за внатрешни работи се појавија и естонската премиерка Каја Калас и државниот секретар Таимар Петеркоп.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва им забранила влез на 347 граѓани на Летонија, Литванија и Естонија кои се непријателски настроени кон Русија, меѓу кои има и владини министри, пратеници и јавни личности.

 

Слични содржини