Русија издава пасоши на окупираните територии, милиони Украинци се соочуваат со закана од мобилизација

од Milan1
172 прегледи

Британското Министерство за одбрана во својот најнов разузнавачки извештај наведува дека на Украинците на окупираните територии им се издадени 3,5 милиони руски пасоши, што ги става во ризик од присилна мобилизација.

Тоа е зголемување за 700.000 пасоши во споредба со 2,8 милиони регистрирани во март минатата година.

„Да имате руски пасош значи и обврска да служите во руската војска“, предупреди британското Министерство за одбрана.

„И на Украинците без руски пасоши ризикуваат да им биде конфискуван имотот.

На окупираните територии на Украина, стана неопходно да се поседува руски пасош за да се пристапи до финансиски услуги, здравствена заштита и социјални услуги.

Милиони Украинци сè уште живеат под руска контрола, вклучително и делови од регионите Доњецк и Луганск, кои се делумно окупирани од Москва.

Слични содржини