Русија ја блокира апликацијата „SoundCloud“

од Nikola Popovski
226 прегледи

Русија го ограничи пристапот до услугата „SoundCloud“ поради, како што вели, лажни информации за „специјална воена операција“, објави денеска новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на соопштение на агенцијата за следење на комуникациите Роскомнадзор.

„Роскомнадзор го ограничи пристапот до апликацијата SoundCloud за објавување материјали кои содржат лажни информации за природата на специјалната воена операција на територијата на Украина“, соопшти Роскомнадзор, пренесува Ројтерс.