Русија ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годинава

од Milan1
19 прегледи

Русија во согласност со очекувањата денеска ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годинава. Забраната за извоз ќе важи од 1 септември до 31 декември 2024 година, а целта на оваа мерка е „одржување стабилност на пазарот на горива“, се прецизира во соопштението.

Како што е наведено, оваа забрана нема да се применува за набавки според меѓународни меѓувладини договори, за испорака на гориво во рамките на меѓународната хуманитарна помош или за извоз на гориво за лична употреба на граѓаните, пренесуваат руски медиуми.

Претходното ограничување важеше од 1 март до 31 август, но беше суспендирано од 20 мај до крајот на јули поради „заситување на домашниот пазар со моторни бензини и спречување на намалување на обемот на преработка на нафта од страна на поединечни компании“.

Според медиумите, руската Влада сака да ја искористи оваа мерка за да избегне нагло зголемување на цената на нафтата на пазарот во случај на укинување на забраната за извоз.

Слични содржини