Русија ќе гради дополнителни медицински објекти за пациенти со ковид-19

од Milan1
385 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин побара од војската да изгради дополнителни капацитети за лекување на зголемениот број пациенти со Ковид-19, пренесуваат руските медиуми.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Русија надминува 40.000 дневно додека смртните случаи го преминаа прагот од 1.000 на ден. Сепак, експертите сугерираат дека реалната бројка е многу поголема.

Поради наглото зголемување на бројот на заразени вработени низ Русија, им беше кажано да останат дома до 7 ноември. Главниот град Москва и другите региони се во делумно заклучување. Повеќето продавници се затворени, но супермаркетите и аптеките продолжуваат да работат. Руското раководство продолжува да ги повикува луѓето да се вакцинираат. Сепак, само околу 30 отсто од населението е имунизирано.

Слични содржини