Русија ќе треба да привлече милиони квалификувани имигранти за да ја одржи својата економија

За жал, се соочуваме со негативна селекција. Главно привлекуваме многу нискоквалификувана работна сила, додека самите губиме висококвалификувани специјалисти, вели извршниот директор на најголемата руска банка Сбербанк.

од Бисера Трајковска
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Русија ќе треба да привлече милиони квалификувани имигранти за да постигне економски раст од најмалку 3,2 проценти и да ја одржи својата економија. Како што изјави извршниот директор на најголемата руска банка Сбербанк, Герман Греф, пред  членовите на Националниот совет за демографска и семејна политика на Русија, повисок економски раст може да се постигне само со зголемување на продуктивноста или проширување на работната сила.

Тој потенцира дека без економски раст, нема да има ништо.

-Нема да можеме да ги решиме социјалните проблеми или било кои други. Мора да постигнеме раст со стапка не пониска од светскиот просек. Тоа значи најмалку 3,2 проценти годишно до 2030 година, рече Греф.

Сбербанк очекува годинава економскиот раст во Русија да забави на 0,8 проценти, во споредба со 4,3 проценти минатата година.

-За жал, се соочуваме со негативна селекција. Главно привлекуваме многу нискоквалификувана работна сила, додека самите губиме висококвалификувани специјалисти, рече Греф.

Тој посочи дека владата треба активно да бара квалификувани специјалисти од странство и да создаде стимулации за странските студенти да останат во Русија по дипломирањето.