Русија го лансираше во орбитата воениот сателит „Космос 2560“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Вселенскиот уред „Космос 2560“, кој беше лансиран од борбените единици на Воздухопловните сили на Русија од Државниот истражувачки аеродром „Плешец“, беше лансиран во орбитата во предвиденото време и го следат копнените средства на Министерството за одбрана на Русија“, соопштија пред новинарите.
Според „Спутник“, сателитот бил пуштен во орбитата со ракетата „Ангара 1.2“, која синоќа по средноевропско време беше лансирана од „Плешец“.
Сателитот „Космос 2560“ беше внесен во каталогот на космички објекти.
Главниот каталог на космички објекти е единствена информативна база на податоци која содржи информации за секој објект во вселената, како и податоци за вештачки објекти на надморска височина од 120 до 50.000 километри.