Русија: Налогот за апсење на Шојгу е дел од хибридната војна

од Илинка Илиоска
115 прегледи

Советот за безбедност на Русија денеска соопшти дека наредбата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу е „бесмислена“ и дека е дел од хибридната војна против Москва.

„Надлежноста на МКС не се протега на Русија и (одлуката) е донесена како дел од хибридната војна на Западот против нашата земја“, се вели во соопштението на Советот за безбедност, пренесе Ројтерс за руската новинска агенција ТАСС.

Претходно денеска МКС издаде налози за апсење на Шојгу, кој сега е секретар на Советот за безбедност, како и на началникот на рускиот Генералштаб, Валери Герасимов, за наводни злосторства за време на војната во Украина.

Слични содржини