Русија нема намера да користи нуклеарно оружје за време на специјалната воена операција во Украина, изјави денеска претставникот на рускиот дипломатски оддел Алексеј Зајчев.
„Во неколку наврати моравме да ги демантираме инсинуациите за можна употреба на нуклеарно оружје за време на специјална воена операција. Тоа се намерно кажани лаги“, рече Зајчев на прес-конференција.
Заменик-директорот на Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Русија истакна дека Русија строго се придржува до принципот дека „не може да има победник во нуклеарна војна и дека таа не смее да се иницира“, пренесе „Спутник“.