Русија: Нивото на реката Урал во Оренбург надмина 11 метри

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Нивото на водата во реката Урал во Оренбург, во руската област Оренбург, во текот на ноќта надмина 11 метри и достигна 1.120 сантиметри, изјави првиот заменик градоначалник Алексеј Кудинов.

Кудинов рече дека во текот на ноќта во Оренбург се поплавени уште 361 куќа и 900 приватни парцели, како и дека се евакуирани уште 99 жители, со што бројот на лицата во привремените сместувања се искачи на 165.

Тој изјави дека врвот на поплавниот бран се очекува денеска, по што нивото на Урал ќе падне, пренесува РИА Новости.

Слични содржини