Русија повлекува дел од војниците од украинската граница (ВИДЕО)

од Milan1
305 прегледи

Руското Министерство за одбрана соопшти дека некои војници позиционирани на границата со Украина се враќаат во базите по завршувањето на вежбите, пренесува новинската агенција Интерфакс.

Сепак, големите вежби низ земјата продолжуваат, додава Интерфакс.

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, вели дека властите на таа земја се уште веруваат дека инвазијата на Украина е „многу веројатна“, и покрај тоа што рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека постои шанса за дипломатско решение.

„Тоа би можело да биде неизбежно. „Знаеме дека Русите се подготвени да имаат војници околу Украина и дека тоа би можеле да го направат за многу кратко време“, рече Трас.

Слични содржини