Како одмаздничка мерка Москва прогласи за персона нон грата 40 вработени во германските дипломатски претставништва во Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
На германскиот амбасадор му беше врачена нота во која 40 вработени во германските дипломатски институции во Русија се прогласени за персона нон грата, како симетричен одговор на одлуката на германската влада“, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува РИА Новости.
Германското Министерство за надворешни работи на 4 април одлучи 40 вработени во руската амбасада да ги прогласи за персона нон грата.