Русија ќе гради две воени бази за да ги држи своите сили во приправност на Курилските острови на кои право имаа и Јапонија и кои се повод за постојани тензии меѓу двете земји, рече рускиот министер Срегеј Шојгу.

-„Планираме да изградиме 392 објекти на островите Итуруп и Кинашира, северно од Јапонија“, реше Шојгу по средбата со воениот врв.
Изградбата на тие бази со кои Русија сака да ја зајакне постоечката присутност на Курилима, ќе овозможи војската и опремата да бидат во состојба на приправност“, и додаде дека новите бази ќе бидат опремени со инфраструктура за да овозоможат таму да престојуваат и семејствата на војниците.
Руското воено влијание на Курилските острови, каде живеат околу 19.000 жители, е осетливо прашање за Јапонија која има право на тие острови кои СССР ги припои кон својата територија после Втората светска војна, по капитулацијата на јапонските сили.