Русија: Работиме на документ за завршување на војната

од Milan1
31 прегледи

Русија продолжува да работи на нацрт-меморандум со принципи за евентуален мировен договор за прекин на војната во Украина, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.

Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со својот американски колега Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор.

Путин рече дека меморандумот ќе ги дефинира принципите на можно решение, временската рамка за потенцијален мировен договор и деталите за евентуално прекин на огнот.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека работата на рускиот нацрт-документ сè уште е во тек и дека документот ќе ѝ биде предаден на Украина кога ќе биде готов.

„Русија продолжува да развива нацрт-меморандум за иден мировен договор, кој дефинира голем број позиции, како што се принципите на решавање, временската рамка за евентуален мировен договор и евентуално прекин на огнот за одреден временски период доколку се постигне соодветен договор“, рече таа.

Слични содржини