Руското Министерство за финансии во понеделник објави дека ќе плати купонска исплата на еврообврзници во износ од 117,2 милиони долари, што е сигнал до пазарите кои чекаат да видат дали Русија ќе го плати државниот долг. На овој начин Русија покажува сигнал дека може и сака своите долгови кон странство да ги плаќа во странска валута.
Рокот на достасување на овие еврообврзници е 2023 и 2043 година, што значи дека во тие години Русија мора да го отплати целиот долг на кој гласи обврзницата, а дотогаш да плаќа купонски исплати.
Купонските плаќања се како камата и издавачот на обврзницата мора да му исплати на сопственикот на обврзницата одреден процент од номиналната вредност на годишна или полугодишна основа, до доспевање на обврзницата, кога издавачот на обврзницата (во овој случај Русија) мора да ја врати целосната вредност на обврзницата на сопственикот на обврзницата.
Овие еврообврзници се тргуваа по 20 центи за долар или помалку и беа меѓу првите кои беа планирани исплати откако Русија беше погодена од санкции поврзани со нејзината инвазија на Украина. Ограничувањата значеа дека не е јасно дали и сака ли Русија да ги исплати долговите.
„Оваа недела, во среда, треба да отплатиме уште еден купон за еврообврзница“, изјави министерот за финансии Антон Силуанов за државната телевизија во понеделникот, пренесе Ројтерс.
„Денеска, понеделник, подготвивме документ за плаќање во странска валута и ќе им дадеме налог на странските банки да ја извршат оваа исплата. Ќе внимаваме на овој платен документ и ќе следиме како банките ќе ги извршуваат нашите (платни) налози“, посочи рускиот министер.
Досега долгот што Русија не го врати беше на обврзница во домашна валута, рубљата. Парите за плаќање на наведените еврообврзници беа подготвени, но Централната банка на Руската Федерација претходно ги забрани плаќањата во странство, освен со одобрение. Очигледно е одобрено за оваа исплата, веројатно од Путин.
Имено, минатата недела рускиот претседател издаде декрет со кој се дозволува плаќање на долгови деноминирани во странски валути во руски рубљи, кои требало да го платат долгот врз основа на соодветните еврообврзници во домашна валута. Иако има обврзници за кои е дозволен таков начин на плаќање, тоа не беше случај со претходно споменатите. Затоа, таквата ситуација би била целосен банкрот на Русија.
Претходната изјава на министерот за финансии Антон Силуанов покажува дека ова е пресврт во државната политика: „Ние ќе ги враќаме нашите обврски во странство во рубљи, но ќе конвертираме кога ќе ни се одмрзнат златните и девизните резерви… Во последните две недели, Западните земји практично ја започнаа економската војна против Русија. Западот ги прекрши своите финансиски обврски кон Русија, ги замрзна нашите златни и девизни резерви, се обидуваше да ја запре нашата надворешна трговија, нашиот извоз со сите можни средства, притоа наштетувајќи на глобалната трговија“.