Русија склучи стратешко партнерство со Иран

од Milan1
22 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на Договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Иран. Како што се наведува во документот, двете земји ќе се залагаат за продлабочување и проширување на односите во сите области од заеднички интерес, зајакнување на соработката во областа на безбедноста и одбраната и тесно координирање на активностите на регионално и глобално ниво, „што е во согласност со долгорочно, сеопфатно и стратешко партнерство“.

Договорот беше потпишан на 17 јануари, за време на посетата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на Москва, пренесува „Телеграф“.

Слични содржини