Русија: Цивилите можат да го напуштат Азовстал кога Киев ќе престане да ги користи како штит

од Маја Анчевска
199 прегледи

„Цивилите ќе можат да ја напуштат индустриската зона Азовстал во Мариупол кога“ режимот во Киев ќе престане да ги користи како жив штит“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров.

„Извештаите дека нема начин луѓето да го напуштат Азовстал не се точни, бидејќи тие можат да го сторат тоа ако режимот во Киев престане да ги користи како жив штит“, напиша Захарова на нејзиниот канал Телеграм, пренесува ТАС С.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските трупи и силите на самопрогласената Народна Република Доњецк ги прекинале операциите во 14 часот со цел да им овозможат на цивилите кои се уште се заробени во челичниот комплекс Азовстал да ја напуштат борбената зона, наведува руската агенција.

Слични содржини