Русија воведе санкции против обвинителот на Меѓународниот кривичен суд

од Radmila Tasevska
172 прегледи

Руските власти соопштија дека вовеле санкции против обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан, кој издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин во средината на март.

Москва изрече санкции беа изречени и за одредени британски функционери и новинари.

Русија ги оправдува новите санкции со „непоколебливата воена поддршка“ на Лондон за Киев и „агресивното спроведување (…) на непријателската антируска политика“, по една и пол година од нејзината инвазија на Украина.

Вкупно 54 лица се додадени на списокот на руски санкции против Британците, соопшти синоќа Министерството за надворешни работи во Москва.

Обвинителот Карим Кан од Меѓународниот кривичен суд се најде на удар на Москва откако во средината на март издаде налог за апсење на Владимир Путин, обвинувајќи го рускиот претседател за воено злосторство поради „незаконска депортација“ на илјадници украински деца од воени области на Украина во Русија.

Москва ги отфрла овие обвинувања, а Карим Кан беше ставен на листата на барани лица во Русија во средината на мај.

Цел на новите санкции се „британската државна секретарка за култура, медиуми и спорт Луси Фрејзер, која активно се залага за меѓународна спортска изолација на Русија и британската заменик министерка за одбрана Анабел Голди, која е одговорна за испорака на оружје на Украина“, се наведува во соопштението.

Санкционирани се и новинарите од Би-Би-Си, Гардијан и Дејли Телеграф, кои Москва ги обвинува дека биле „вмешани“ во „ширење лажни информации“ за Русија и „поддршка на информативни и пропагандни активности“ на Киев.

Слични содржини