Русија побара средба на Советот за безбедност на ОН за денеска поради, како што тврди Кремљ, развивањето биолошко оружје од страна на САД во Украина, соопшти Дмитриј Полиански, првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН.
„Руската мисија побара состанок на (СБ на ОН) на 11 март за да се разговара за воените биолошки активности на САД на територијата на Украина”, напиша Полиански на Твитер.
Руското Министерство за одбрана тврди дека има мрежа на био-лаборатории во Украина кои работат во име на американското Министерство за одбрана, тврдење кое долго време се отфрла како неточно.