Русија најавува „режим на тишина“ за евакуација на цивилите од Киев, Харков, Чернигов, Суми и Мариупол од 10 часот по московско време на 8 март (08:00 часот по средноевропско време), соопшти вечерва Рускиот меѓуресорски координативен штаб за хуманитарен одговор во Украина.
Во соопштението, штабот оценува дека ситуацијата на голем број места на речиси целата територија на Украина, особено во големите градови, добила карактер на хуманитарна катастрофа поради неликвидноста и неспособноста на Киев да обезбеди функционирање на хуманитарната коридори, пренесува агенцијата РИА Новости.
Се посочува дека Русија во целост обезбедила обука и безбедност на планираните рути за време на претходно најавените хуманитарни операции за евакуација на цивили и странски државјани.