Русите го ослободија киднапираниот градоначалник на Мелитопол

од Nikola Popovski
457 прегледи

Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, во јужна Украина, киднапиран од руските воени сили на 11 март, е ослободен, соопштија украинските власти.

Во видеото објавено на Телеграм, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со него по телефон и рече дека е „среќен што го слуша гласот на жив човек“.

– Многу ми е подобро. Ти благодарам што не ме оставивте. Ми требаат ден-два да закрепнам, а потоа чекам ваша наредба да придонесете за нашата победа, одговори Федоров.

Градоначалникот бил уапсен додека бил во кризниот штаб во родниот град, каде се занимавал со проблемот со снабдувањето.

-Специјалната операција за ослободување на градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, штотуку е успешно завршена“, напиша на Телеграм, Кирило Тимошенко, советник на украинскиот претседател.