Русија гради таканаречени „анти-дрон коридори“ долж линијата на фронтот во обид да ги заштити своите сили и опрема од напади со украински беспилотни летала.
Подигнатите мрежи покрај патиштата и патеките по кои се движат руските војници се се почести глетки снимени со украински беспилотни летала. Овие мрежи го претставуваат рускиот модел на одбрана на конвоi и возила против украинските дронови.
До и преку патот е поставена густа мрежа за да се спречи удирање на дронови во оклопни и други возила на руската армија, а украински извори наведуваат дека беспилотните летала успешно ги пробиваат овие мрежи.
Ваквите „тунели“ можат да бидат долги и неколку километри, но неодржливо е со нив да се покрие целата патна инфраструктура за да се обезбеди транспорт на војници и залихи.
Според командантот на рускиот баталјон за деминирање, овие мрежи се поставени над изложените патишта за да ги запрат беспилотните летала, кои можеби нема да можат да ги детектираат поради лошиот аналоген квалитет на видеото. Дури и кога се забележани, мрежите се дизајнирани да им отежнат на беспилотните летала да стигнат до нивните цели.