Русите објавија снимка: „Нашиот Су-24 бомбардира камуфлирани позиции на Украинците“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Руското министерство за одбрана објави видео за кое тврди дека покажува воздушен напад на руски борбен авион Су-24 врз, како што велат, камуфлирани утврдени позиции на украинската армија.

„Бомбардирањето на утврдените позиции беше извршено во лет од екстремно ниска надморска височина. По бомбардирањето, екипажот на авионот извршил антиракетен маневар со испуштање термални мамки“, се вели во соопштението на руското министерство.