Купувачите на руски гас ќе можат да купуваат рубљи на Московската берза по пазарна стапка за плаќање на „синото гориво“, изјави за Риа Новости шефот на руската парламентарна комисија за финансиски пазар Анатолиј Аксаков.
За тоа нема технички пречки, а процедурата е пропишана со закон“, рече Аксаков.
„Се чини дека не треба да ги менуваме законите, се е убаво напишано во нив. Валутата ќе се менува по пазарниот курс што ќе се одреди на Московската берза. За тоа нема технички проблеми“, коментира тој.
Според него, механизмот за плаќање може да изгледа како купувач на гас кој се регистрира на Московската берза и бара одредена сума на рубли. Курсот се одредува на берзата, потоа се прави зделка, парите се префрлаат на сметката на Гаспром, а Гаспром испорачува гас.
Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на владата, централната банка и Гаспром да ја претворат валутата на плаќањата за гас во рубљи до 31 март, за Европската унија и другите земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Истовремено, тој нагласи дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во количини и по цени утврдени со претходно склучените договори.
Германскиот министер за економија Роберт Хабек во понеделникот изјави дека земјите од Г7 одбиваат да и платат енергија на Русија во рубли.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, во вторникот изјави дека Русија нема да испорачува гас бесплатно.