Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина ја изгубила контролата врз целата област Керсон.
Агенцијата „Интерфакс“ ја пренесе оваа информација и наведе дека руските војници окупирале делови од Запорожје и Миколаев како и дел од Харков.
„Скај њуз“ објави дека не успеа тоа независно да го потврди.
-Во извештајот на новинската агенција Интерфакс се цитира висок руски функционер дека руските трупи окупирале делови од регионите Запорожје и Николаев во други делови на јужна Украина, како и дел од областа Харков источно од главниот град Киев, пренесува Ројтерс.