136
Проектил погоди станбена зграда во украинскиот град Харков доцна синоќа, при што загина едно лице, изјави регионалниот гувернер Олег Синехубов.
„Според ажурираните информации, едно лице загинало како последица на удар на руска ракета во станбена зграда“, напиша Синехубов на Телеграм.
Засега нема индикации колку лица се повредени. Службите за итна помош се на терен. Синехубов рече дека на настраданите им се помага.