Руските сили се на само неколку километри од Покровск, витално важен украински град. Како што е наведено, градот Покровск е стратешки важна украинска логистичка точка во регионот на Доњецк со 59.000 жители во самиот град и околните области, додека пред почетокот на конфликтот, таму живееле 60.000 луѓе.
Тоа е клучен логистички центар за украинските сили. За Русите, заземањето на ова место ќе го отвори патот кон големите градови Днепар и Запорожје, ќе ги прекине украинските линии за снабдување и ќе значи воена доминација на руските сили во Доњецк.
Колку е решен Кремљ да го освои Покровск, говори и фактот што Москва, по ненадејниот украински упад во рускиот регион Курск, не го пренасочи своето засилување во тој регион од фронтот кај Покровск, туку продолжи со интензивна и се помоќна и побрза офанзива таму.
Евакуацијата трае веќе подолго време во градот. Околу 40.000 руски војници се движат кон градот, пишува британски „Тајмс“.