Русите тврдат дека освоиле уште еден украински град

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот град Северск е под контрола на руските сојузнички сили и на самопрогласената Доњецка Народна Република, потврдија денеска властите на ДНР, пренесува ТАСС.

– Нашите војници го контролираат Северск, така што непријателот сега може да биде погоден со прецизен оган на целата територија на градот – изјави првиот заменик-министер за информации на ДНР, Даниил Безсонов за телевизискиот канал „Соловјев во живо“.

Тој изјави и дека претпоставува дека украинските сили ќе се повлечат од Северск побрзо „отколку што се повлекле од Лисичанск“.

Извор близок до Народната милиција во самопрогласената Луганска Народна Република претходно за агенцијата ТАСС изјави дека Северск е опколен и дека градот може да биде освоен за два дена.

Слични содржини