Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денес изјави дека руските сили ја презеле контролата врз селото Благодатноје, на околу 5 километри од Бахмут во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР).
Тој изјави дека во битките за Благодатној учествувале доброволци од јуришните единици, со поддршка на оперативно-тактичката и армиската авијација, ракетните трупи и артилеријата на Јужната борбена група, пренесува ТАСС.
Некои од најтешките битки во Украина се водат околу Бахмут во последните недели.