Руска воена делегација на чело со Шојгу пристигна во Техеран

од Илинка Илиоска
59 прегледи

Секретарот на рускиот совет за безбедност, Сергеј Шојгу, денес пристигна во официјална посета на Техеран на разговори со иранското раководство, вклучително и со претседателот Масуд Пезешкијан, објави Ројтерс.

Посетата се одвива во време на акутна тензија на Блискиот Исток поради стравувањата од поширока регионална војна, откако Исмаил Ханије, водачот на палестинската милитантна група Хамас, беше убиен во Техеран минатата недела.

Шојгу, кој беше министер за одбрана на Русија, ќе се сретне и со началникот за национална безбедност на Иран и со шефот на Генералштабот, соопшти Интерфакс.

Русија негува поблиски врски со Иран од почетокот на нејзината војна со Украина и досега властите на двете земји на неколку пати најавуваа дека тие се подготвени да потпишат широк договор за соработка со Техеран.

Слични содржини