Руската армија од украинските сили ја врати контролата врз околу 10 населени места во областа Курск, изјави денеска за ТАСС заменик-началникот на Главната воено-политичка управа на вооружените сили на Руската Федерација и командант на специјалните сили Ахмат Апти Алаудинов.
„Состојбата ни е добра… нашите единици тргнаа во офанзива. Вчера и денеска во оваа насока беа ослободени вкупно околу 10 населени места во областа Курск“, рече тој.
На 6 август беше извршен масовен напад на украинската армија врз областа Курск, по што беше прогласена федерална вонредна состојба во тој регион.
Според руското Министерство за вонредни ситуации, повеќе од 10.000 евакуирани жители, меѓу кои повеќе од 2.700 деца, се сместени во 200 центри за привремено сместување во 31 руски регион.