Руската делегација не се појави на сослушувањето пред судот во Хаг

од Milan1
281 прегледи

Руската Федерација не испрати делегација на сослушување пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во случајот инициран од Украина со барање за итна наредба од Москва за запирање на воената акција во Украина.

На почетокот на рочиштето во понеделник, 7 март, во судот на Обединетите нации во Хаг, местата резервирани за Руската Федерација останаа празни, а претседавачкиот судија Џоан Доногју рече дека судот „жали“ поради одлуката на Русија да не присуствува.

Портпаролот на руската амбасада во Холандија не одговори на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Киев сака судиите на ОН да го класифицираат рускиот напад како геноцид и во исто време да го отфрлат тврдењето на Москва дека Украина извршила геноцид врз руското малцинство на истокот на земјата.

Слични содржини