Руската делегација пристигна во Белорусија на преговори со Украина

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Руската делегација пристигна во Белорусија за да разговара со Украинците, изјави рускиот портпарол Дмитриј Песков.

Според новинската агенција РИА Новости, со него во Белорусија пристигнале и претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и на други канцеларии, вклучително и администрацијата на претседателот.

„Ќе бидеме подготвени да ги започнеме преговорите во Гомел“, рече Песков.

Министерството за надворешни работи на Белорусија соопшти дека обезбедиле се што е потребно за средбата и за решавање на протоколарните прашања.