Руската Дума донесе нацрт-резолуција за признавање на републиките Доњецк и Луганск

од Milan1
342 прегледи

Руската државна Дума на денешната пленарна седница усвои нацрт-резолуција за признавање на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР).

Како што прецизираше претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин, документот веднаш ќе биде испратен на потпис до шефот на државата.

На 19 јануари, членовите на Комунистичката партија на Руската Федерација поднесоа нацрт-резолуција до рускиот претседател Владимир Путин со која се признаваат републиките Донбас и Луганск како независни држави, преговарајќи со нивното раководство за создавање правна основа за меѓудржавните односи и регулирање на сите аспекти на соработката и взаемна помош.

Според Володин, Вашингтон ги подига тензиите со снабдување на Украина со оружје заедно со европските земји, а Киев се уште не ги почитува договорите од Минск. Сето ова претставува закана и ризик за животите на руските граѓани и сонародници кои живеат во ДНР и ЛНР, оцени претседателот на Думата.

Овој потег најверојатно ќе предизвика бурни реакции во Киев, кој верува дека Донбас и Луганск (кои се под контрола на проруските сепаратисти) се дел од Украина.

Потсетуваме дека Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) прогласија независност во 2014 година по конфликтот меѓу проруските сепаратисти и украинската армија.

Украина не ги признава овие две територии како независни држави, но и ниту една западна земја.

Слични содржини