Руската Државна Дума денес го усвои законот за укинување на меѓународните договори на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија.
Законот е усвоен на предлог на рускиот претседател Владимир Путин и се однесува на вкупно 21 документ, вклучувајќи ги Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, Конвенцијата за сузбивање на тероризмот и Повелбата на Советот на Европа. РИА Новости.
„Во врска со раскинувањето на членството на Русија во Советот на Европа, од 16 март 2022 година, споменатите меѓународни договори ќе се сметаат за раскинати кога станува збор за Русија“, се наведува во документот.