Руската влада додаде 11 британски прекуморски територии на листата на непријатели, соопштено е денеска од владината канцеларија во Москва, пренесе ТАСС.
„Уште 11 британски прекуморски територии се додадени на списокот на територии кои ги поддржуваат санкциите воведени од Велика Британија на Русија. Тоа се: Бермуди, Британска Антарктичка Територија, Британска територија на Индискиот Океан, Кајмански Острови, Фолкландски Острови, Монтсерат, Питкерн Острови, Света Елена, Асенсион Острови и Тристан да Куња, Јужна Џорџија и Јужни Сендвич Острови, Акротири и Децелија, Туркс и островите Каикос “, се вели во соопштението.
Преостанатите три територии под британска контрола – Ангвила, Британските Девствени Острови и Гибралтар беа вклучени во листата претходно.
„Затоа, сите 14 британски прекуморски територии сега се на листата на непријатели“, истакнуваат од руската влада.