Руски дипломат е пронајден мртов во близина на амбасадата во Берлин

од Milan1
420 прегледи

Тело на маж за кој се верува дека е руски дипломат е пронајдено во близина на руската амбасада во Берлин. Мажот бил пронајден мртов на тротоар, а засега не се знае како починал. Според „Шпигел“, имало обид за реанимација, но човекот не бил спасен.

Се шпекулира дека мажот паднал од подот на зградата во комплексот на амбасадите. Шпигел наведува дека станува збор за 35-годишен маж, кој е втор секретар во амбасадата во Берлин од летото 2019 година.

Германските безбедносни служби, пак, сметаат дека се работи за таен агент на ФСБ.

Слични содржини