Руски гувернер: Украинците нападнаа село покрај границата

од Nikola Popovski
167 прегледи

Украинските сили извршија напад врз руското село Головчино на границата меѓу Украина и Русија, тврди гувернерот на руската провинција Белгород, Вјачеслав Гладков.

Едно лице е повредено, додава Гладков.

Не е јасно за каков напад станува збор.

Руското Министерство за одбрана објави дека украинските војници и борци добиле шанса да го фрлат оружјето и мирно да се предадат, при што додаваат дека рокот е до утре на пладне.