226
Хеликоптерот Ми-24 се урна во регионот на Крим, соопшти Министерството за одбрана.
„За време на редовен лет над Црното Море во близина на западниот брег на Крим, се урна хеликоптерот Ми-24, прелиминарната причина за падот е дефект“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.
Несреќата се случила околу шест часот наутро по московско време. Спасувачките служби веднаш се упатиле терен.
Ми-24 е специјализиран транспортно-борбен хеликоптер способен да врши функции на борбено возило на пешадија.
Тој е дизајниран и за транспорт на стрелачки одред и за обезбедување директна огнена поддршка на копнените трупи и борба против непријателските оклопни возила