Руското Министерство за одбрана објави видеоснимка на која се гледа како руски маринци ослободуваат цивилен товарен брод од пирати во Гвинејскиот залив, кај западниот брег на Африка.
Вчера рускиот разурнувач „Вицеадмирал Кулаков“ доби сигнал за помош упатен од тешкиот танкер „Луција“ која превезува контејнери со разновидна стока. Овој брод пловеше под знамето на Панама од Република Того за Република Камерун. Тие испратија порака дека пловилото се обидуваат да го преземат вооружени напаѓачи кои се движат со брзи чамци. Набрзо на овој брод стигна помош од руските маринци.