Руски сенатор: Германија би можела да го пушти „Северен тек 2“ до крајот на годината

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Германија би можела да донесе одлука за пуштање на гасоводот „Северен тек 2“ до крајот на оваа година, доколку се соочи со тешките последици од енергетската криза, изјави првиот заменик-шеф на Меѓународниот комитет на Советот на Руската Федерација, Владимир Џабаров.

„Не ја исклучувам можноста Германија до крајот на годината да го пушти во употреба гасоводот „Северен тек 2“, кога ќе се снема трпението и ќе стане многу тешко“, рече Џабаров.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно изјави дека е важно да се продолжи дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, а експерти сметаат дека е можно да биде пуштен гасоводот „Северен тек 2“ поради гасната криза во Германија.

Тие веруваат дека е можен раст на проруските чувства во Европа.

„Господинот Шолц многу добро разбира дека, ако стандардот на живеење во Германија наеднаш падне, никој нема да праша каков е односот на Германија кон Русија, туку ќе праша зошто почнавме да живееме полошо“, рече сенаторот, нагласувајќи дека Русија е подготвени за соработка.

Тој смета дека последните изјави кои доаѓаат од Европа претставуваат одредени сигнали кои говорат за можни промени на расположението на континентот.

„Во последно време најмногу врескаат Литванија, Летонија, Естонија, Полска, таканаречените млади европски земји. Повнимателни ставови искажуваат Германија, Франција и Италија. Мислам дека сите почувствуваа какви последици може да има врз нив прекинувањето на економските врски со нашата земја“, нагласи Џабаров.

Европа се уште е под притисок поради проблемите со испораките на гас од Русија. Извозот на руски гас падна по почетокот на воената операција во Украина. Испораките преку „Северен тек 1“ и украинскиот систем за транспорт на гас значително се намалени, а преку гасоводот „Јамал-Европа“ целосно се стопирани.

„Северен тек 2“ е гасовод со капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно и се протега од бреговите на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Истиот го спроведуваше компанијата „Норд стрим АД“ заедно со „Газпром“ како единствен акционер. Изградбата на гасоводот траеше три години и беше завршена во 2021 година.

Сепак, по почетокот на инвазијата на Украина, западните земји воведоа низа санкции кон Русија, а Германија ја суспендираше сертификацијата на гасоводот, наведувајќи дека проектот е практично замрзнат.

Слични содржини