Откако странските медиуми објавија за наводната врска меѓу Том Круз (61) и 36-годишната Елсина Каирова, се огласи нејзиниот поранешен сопруг, рускиот тајкун Дмитриј Цетков, пренесе Стандард лајф.
„Без разлика со кого е, Том Круз или кој било друг, овие луѓе треба да бидат свесни дека таа сака пофини работи и има скап и луксузен вкус. Том треба да ги држи очите и паричникот широко отворени“, рече Дмитриј за „Дејли Меил“. Тој тврди дека потрошил 10 милиони фунти за нејзината облека и уште 2 милиони фунти за чанти за време на нивниот 11-годишен брак.
Но, тој вели дека сепак е среќен за Елса и и посакува се најдобро. Таа вели дека не разговарале за нејзината врска со познатиот актер.
„Не сум разговарал со Елсина за ова бидејќи претпочитаме да комуницираме преку нашите адвокати. Таа има 36 години, убава е, финансиски независна и го сака животот. Том Круз е мојот омилен актер, тој е еден од најдобрите што сум ги видел. Сум гледал многу негови филмови. Првиот пат кога слушнав за него имав 13 години, мојот професор по англиски кој се врати од САД го спомна и ни кажа дека живее во куќата до неговата“, рече тој. .
Цетков откри и дека пред неколку месеци бил во преговори со холивудски продуцент кој бил заинтересиран да сними филм за неговиот живот и инсистирал да го игра исклучиво Круз.
„Му реков на продуцентот дека единствениот актер кој може да ме игра е Том Круз. Ние сме приближно иста висина и тежина и би ми било чест ако тоа се случи. Не можев да помислам на некој кој би можел да ме игра подобро од Том. Се надевам дека еден ден ќе се сретнам да разговараме за овој проект“, рече тој.
Инаку, Цетков се збогатил со дијаманти и рударство. Елсина ја запознал во Лондон во 2009 година, а неколку месеци подоцна се венчале во Палатата на Националниот конгрес во Санкт Петербург. Тие поседуваа недвижен имот во Дубаи, Лондон и Кипар, колекција на накит и уметнички дела и луксузни јахти. Поранешниот пар во бракот добил две деца.
Потсетуваме, Елсина и Круз неодамна беа видени на забава во Лондон, каде не можеа да се одвојат еден од друг.
„Беа неразделни, очигледно е дека се пар. Изгледа дека Круз е целосно заљубен во неа“, коментирал еден од гостите на забавата во лондонски Мејфер.