Руски војник се вратил од фронтот и со „Мустанг“ направил хаос

од Milan1
93 прегледи

На Телеграм е објавена снимка од бизарен инцидент од Русија, при што пијан руски војник изнајмил Мустанг и удрил во 11 автомобили, пишува „Msn.com“.

Ситуацијата се одвива во Калининград, каде жител на блиската зграда снимил војник како се движи низ паркингот на станбените згради и како еден по друг удира во автомобили. Тој целосно го уништил и скапото возило кое го изнајмил.

Минувачите и жителите кои го виделе мажот се обиделе да го спречат фрлајќи снежни топки кон возачот. Тие подоцна го опколиле автомобилот, па војникот неуспешно се обидел да побегне низ совозачката врата, но група мажи го фатиле и го претепале.

Не се знае кога е снимен видеото од инцидентот и дали возачот на Мустангот претрпел некакви последици за неговото возење, освен претепување.

 

Слични содржини