Рускиот амбасадор во ЕУ, Чижов: Денеска нема да ја нападнеме Украина

од Milan1

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска.

– Што се однесува до Русија, можам да ве уверам дека денеска нема да има напад. Нема да има ескалација ниту наредната недела, ниту во неделата потоа, ниту во наредниот месец, рече Чижов во текст објавен во денешното издание на германскиот дневен весник Ди Велт.

– Војните во Европа ретко започнуваат во среда, додаде тој.

Американската администрација предупреди дека е можен руски упад во Украина пред затворањето на Зимските олимписки игри во Кина во недела. САД и нивните сојузници во НАТО тврдат дека Русија подготвува напад врз Украина, обвинување кое Москва го негира.

Чижов ги осуди тврдењата на САД за можен напад врз Украина.

– Кога обвинувате, кога кажувате особено многу сериозни обвинувања против Русија, имате и одговорност да презентирате докази. Во спротивно тоа е клевета. Па, каде се доказите?, напиша рускиот дипломат.

 

Слични содржини