Полицијата во Црна Гора го уапсила рускиот државјанин И.С.(40) поради сомнение дека искористувал деца за порнографија.
– По преземање континуирани активности со цел сузбивање и идентификација на лица поврзани со извршување на кривични дела од областа на високотехнолошкиот криминал, службеници на Управата на полицијата, Сектор за борба против криминалот – Група за сузбивање на кривични дела високотехнолошки криминал во соработка со службеници од Регионалниот центар за безбедност „Центар“, одделението за обезбедување Подгорица го идентификувало лицето И.С. што е поврзано со извршување на кривичното дело искористување деца за порнографија.
Се сомнева дека И.С. (40), државјанин на Руската Федерација, ова кривично дело го сторил на тој начин што подолг временски период континуирано се стекнувал и поседувал порнографски слики и аудиовизуелни содржини од детска порнографија и ги ставал на располагање на други лица.
За собраните податоци и известувања бил известен надлежен државен обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, кој наредил дека лицето И.С. е лишен од слобода. Во рамки на горенаведените активности извршен е претрес во станот и другите простории што ги користел осомничениот И.С, при што се пронајдени и одземени повеќе дигитални уреди.
Службениците на Полициската управа и во наредниот период ќе дадат целосен придонес во сузбивањето на сите видови криминал, со посебен акцент на гонењето на лицата кои со своите криминални активности ја загрозуваат најранливата категорија на општеството, децата“, се вели во соопштението на црногорската полиција, кое го пренесе „Телеграф“.