Рускиoт истражен комитет: Докажана поврзаност меѓу терористите и украинските националисти

од Симе Стоиков
305 прегледи

Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека ја докажал поврзаноста на директните извршители на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на Москва и „украинските националисти“.

„Како резултат на работата со приведени терористи, проучување на техничките уреди запленети од нив и анализа на информации за финансиски трансакции, добиени се докази за нивната поврзаност со украинските националисти“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Се нагласува дека постојат докази дека извршителите на терористичкиот напад примиле „значителни суми пари и криптовалути од Украина“ кои, како што се наведува, биле искористени за подготовка на злосторството.

Слични содржини