Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео во кое се осврнува на сè почестите шпекулации за неговото здравје, велејќи дека болеста и смртта се „патот на секој човек“, но не ги негираше директно обвинувањата за влошување на здравјето. Во видеото, кое беше објавено на неговиот официјален канал на Телеграм, Кадиров не зборува директно пред камерата, прикажан е како оди, видливо уморен, додека на снимката може да се слушне глас како чита порака во негово име.
„Сè почесто слушам озборувања за мојата болест. Велат дека умирам и дека не ми останува многу време. Прво, болеста и смртта се патот на секое човечко суштество. Никој жив не избегал од тој пат. Второ, ниту болеста ниту заканата не го скратуваат животот. Неговата должина ја одредува само оној што ти дал живот“, се вели во пораката.
„Ако ми е судено да живеам 50, 60 или 70 години, ќе ги живеам како што е определено и никој нема да ми одземе ниту еден ден.“ Оние што шират информации за неговата болест се нарекуваат „озборувачи без храброст“ кои „се кријат во странство како глувци“, се додава во видео поракта.
Кадиров, роден на 5 октомври 1976 година, има 48 години. Тој е на чело на Чеченија, која формално е федерален субјект на Руската Федерација, од 2007 година. Украинскиот парламент ја признава Чеченија како привремено окупирана територија под името Чеченска Република Ичкерија.
Сè повеќе гласини за лошо здравје
Видеото доаѓа откако рускиот независен портал „Новаја Газета“ претходно овој месец објави дека здравствената состојба на Кадиров видливо се влошува и дека политичката елита активирала сценарија за промена на власта во Чеченија. Според тој медиум, Кадиров страда од некроза на панкреасот, сериозна дијагноза која, велат тие, не остава простор за закрепнување.
Гласини за неговата лоша здравствена состојба се појавуваат повремено од минатата година, но официјалниот Кремљ никогаш не ги коментираше, а самиот Кадиров досега најчесто ги игнорираше или исмејуваше. Ова соопштение, иако не содржи директно признание за болеста, е прв пат чеченскиот лидер воопшто да признае дека постои јавна и медиумска загриженост за неговата здравствена состојба.
Што е панкреатична некроза?
Некрозата на панкреасот е сериозна и опасна по живот компликација на акутен панкреатит, воспаление на панкреасот. Тоа е состојба во која ткивото на панкреасот умира, најчесто поради воспалителен процес кој е исклучително агресивен и може брзо да се шири.
Кога воспалението на панкреасот е тешко, ензимите што панкреасот нормално ги лачи за варење можат да се активираат во самата жлезда и да почнат да го разградуваат сопственото ткиво. Ова води до некроза – смрт на клетките во погодената област.
Морталитетот во тешки случаи може да биде екстремно висок, особено ако се појави сепса или повеќекратна инсуфициенција на органи. Преживувањето зависи од брзината на дијагнозата, навременото лекување и општата здравствена состојба на пациентот.
Кадыров прокомментировал «сплетни» о своей болезни
В телеграм-канале Рамзана Кадырова был опубликован 45-секундный ролик, в котором глава Чечни идет возле башни. Закадровый голос от его лица зачитывает следующее:
«Все чащу слышу сплетни о своей болезни. Мол, я умираю, мне… pic.twitter.com/BPdgOWJk6G
— Новая газета Европа (@novayagazeta_eu) May 27, 2025