Руските сили користат тактики од времето на Советскиот сојуз

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Руските сили продолжуваат да ги зајакнуваат премините преку реката Дњепар и завршија мост до оштетениот мост Антоновски во Херсон, пишува британското Министерство за одбрана.

Иако употребата на тешки бродски мостови речиси сигурно беше дел од планирањето на операциите во Европа од времето на Советскиот Сојуз, ова е веројатно првпат руската војска да има потреба да користи ваков тип на мост по децении.

Употребата на цивилни бродови најверојатно и дава на Русија дополнителни материјални и логистички придобивки, бидејќи загуби значителни количини воена опрема за премостување и инженерски персонал за време на инвазијата.

Доколку дојде до оштетување на мостот, речиси е сигурно дека Русија ќе се обиде брзо да ги поправи или замени оштетените делови, бидејќи нивните сили и премините на реката Дњепар се под зголемен притисок во Херсон.